Симетричен интернет пристап


Симетричност – Интернет сервисот кој го овозможуваме е целосно симетричен со еднакви upload/download брзини и без upload/download лимит на количината на пренесени податоци. Тоа не само што значително ја подобрува функционалноста во секојдневната употреба на сервисот, туку е еден од клучните фактори за ефикасно и непречено работење на системи врзани со пренос на податоци до централна локација или услуги кои подразбираат пренос на говор.