IP VPN


Оваа технологија претставува врвно комуникациско решение помеѓу одделни локации на една компанија. Благодарение на употребата на врвна технологија, сега комуникацијата на централната локација со оддалечените локации и обратно станува посигурна од било кога.

Имено, со воведување на ваквиот систем на комуникација се добиваат следниве бенефиции:

  1. Сообраќајот помеѓу оддалечените локации и централната локација се криптираат/кодираат со употреба на IPSec протоколот. Со тоа, целиот сообраќај т.е. размена на информации во реално време помеѓу субјектите е невидлив за било кого во јавната Интернет мрежа.
  2. Локалните мрежи (LAN) на оддалечените локации во однос на централната локална мрежа стануваат транспарентни т.е. администраторот од централната локација може директно да пристапи на било кој компјутер/клиент кој е дел од локалната мрежа (LAN) на било којa оддалечена локација еднакво како истиот компјутер/клиент да претставува дел од неговата мрежа (LAN). Со оваа функционалност драматично се намалува времето за дијагностицирање на било каков проблем во оддалечените локации со директен пристап на таа мрежа, а истовремено се овозможува централизиран upgrade/update на било каква апликација директно на било кој компјутер/клиент во оддалечените локации.
  3. Ваквата поставеност (Point to Multipoint или ѕвезда со воспоставен IPSec VPN помеѓу централната и оддалечените локации) овозможува централизирање на сите апликации кои како предуслов имаат да бидат криптирани/кодирани, и нивен транспорт низ еден единствен криптиран/кодиран канал (VPN тунел) до други субјекти како што се банки, оператори на јавни услуги или било кој друг субјект на пазарот со кого размената на информации е доверлива и како предуслов мора да биде кодирана. Со тоа, сообраќајот од сите оддалечени локации ќе мине низ еден централен VPN тунел кон својата крајна дестинација притоа избегнувајќи ја инаку потребата за воспоставување на VPN тунел во секоја локација одделно со што се анулира и сигнификантниот трошок за воспоставување на истиот во секој објект. 

Трите клучни бенефити наведени погоре се со огромна тежина и функционалност во однос на Вашето секојдневно работење и претставуваат сериозна поставеност на Вашата компанија во однос на сите субјекти на пазарот во моменти кога благодарение на оваа технологја, сите порцеси тежнеат да се одвиваат низ јавната Интернет мрежа, а притоа да биде оневозможено пробивање и злоупотреба на информациите кои патуваат низ неа.

Во зависност од вашата локација Балкантел нуди можност за три начини воспостовување на IP VPN конекција.

  • Статична
  • Динамична
  • 3G базирана